Press "Enter" to skip to content

Алушевски по победата над Охрид: мора да победуваме секогаш

По серијата од осум победи на екипата на Пелистер, тренерот Стевче Алушевски, по победата над екипата на Охрид, се осврна на тоа како тој ја гледа оваа екипа.

Во своето размислување за Пелистер, Алушевски, рече дека за вчерашната средба против Охрид, иако победиле, сепак не е задоволен од тоа како одиграле, и дека екипата на била на рамништето кое ги покажале во саботата против екипата на Еурофарм Работник, посебно во одбраната, кога практично се наметнаа дека ќе бидат првопласирани во Супер лигата,  а како такви влегуват во завршницата, во плеј-офот.

-Знаев дека нема да биде ни малку лесно против Охрид, и во таа насока цела недела ги подтотвував моите момци, иако на моменти тие не ја сфаќаа тежината на средбата, но сами се уверија на паркетот дека не беше лесно. Разбирам дека имаше емотивно празнење после битолското дерби, но четири дена се доволни да се ресетира организмот и главата, но овие ракометари дојдоа во Пелистер од послаби екипи и не се навикнати на фактот дека Пелистер мора да победува на секој натпревар, бидејќи во клубовите од каде доѓаат немале таков менталитет, вели Алушевски, кој додаде:

-Пелистер како екипа само ќе расте од коло во коло, од натревар во натпревар и овие ракометари ќе сфатат дека повеќе вредат. Ни престои многу работа, но главното треба да дојде напролет. Без разлика што во моментот сме лидери, тоа не нè залажува, мора да покажеме квалитет и класа.

До крајот на Супер лигата Пелистер го очекуваат уште пет натпревари, а в недела “пелистерци“ го пречекуваат Радовиш, од кои беа поразени на стартот на сезоната, а тој пораз им е единствен.

More from СпортMore posts in Спорт »