Press "Enter" to skip to content

Прес на Еурофарм Работник пред дебито на меѓународна сцена

Денес во просториите на ракометниот клуб Еурофарм Работник се одржа прес конференција на која се зборуваше за престојниот натпревар од Челинџ купот, кој ќе се одигра утре во спортската сала “Младост“ во Битола.

На прес-конференцијата зборуваше тренерот на Еурофарм Работник, Илија Темелковски кој нагласи дека ќе атакуваат на победа со поголем број голови што ќе му овозможи да останат во европското ракометно друштво.

-Се работи за една пристојна екипа на Каунас. Ние никого не сакаме ни да прецениме, ниту да потцениме, прво гледаме ние да се подготвиме најквалитетно што може за секој противник, а она што го видовме од екипата на Гранитас Каунас е дека се работи за една релативно млада екипа, каде што евидентно е дека доста трчаат, потковани се со пристојна техника, можеби повеќе се шутерски расположени од надворешни позиции. Играат длабока одбрана, се тоа го апсолвиравме и мислам дека со добра техничка подготовка не би имале проблеми против Каунас, истакна тренерот Илија Темелковски, кој додаде дека  поради првенствените обврски немале многу време за да се подготват за својот европски ривал.

-Во последниот период имавме некои турбуленции во нашата екипа, неколку играчи заминаа, дојдоа нови, каде што се уште се воигруваме, не сме баш на највисокото ниво, но мислам дека со овој натпревар треба да ставиме еден нов почеток на овој клуб, каде што се бориме за пласман понатаму, да го поминеме ова коло и на пролет да сме и поконкурентни и во домашното првенство. Во оваа прилика би ги поканиле сите љубители на ракометот, а во Битола ги има многу, да дојдат на утрешниот натпревар да ни дадат поддршка, тоа многу ќе ни значи да оствариме еден добар резултат пред патувањето во Каунас, посочи репрезентативецот во таборот на Еурофарм Работник, Гоце Ојлески.

Ракометарите претходно имаа заедничко следење на натпревар на екипата на Каунас.

Натпреварот помеѓу Еурофарм Работник и Гранитас Карис Каунас е утре со почеток во 19 часот, а судии ќе бидат Пирву и Потирниче од Романија, додека делегат ќе биде Турчинот Сиврикаја.

More from СпортMore posts in Спорт »