Press "Enter" to skip to content

Христијан од “Кирил“ – “сребрен“ на “Макинова“, победник на “Камера 300“ и со куп други награди

Христијан Кочовски е ученик во VIII одделение во ОУ. „Св. Кирил и Методиј“ – Битола. Со своите 13 години има постигнато голем успех не само во Македонија туку и пошироко. Тој е одличен ученик, но неговиот брилијантен ум го докажува и надовор од училиштето. За тоа сведочат многубројните награди и признанија кои ги има добиено во изминатите неколку години.

Bitolanews: Имаш учествувано на многу меѓународни и државни натпревари. Кој од нив би го издвоил како најзначаен?

Кристијан: Да, имам учествувано на многу натпревари во текот на претходната и на почетокот на оваа учебна година. Како најзначаен ќе го издвојам сребрениот медал на Макинова 2017.

Bitolanews: Таму настапи со твојата иновација „Паметно огледало“. Дали може да ни опишеш што е тоа?

 Кристиијан: „Паметно огледало“ е иновација која претставува спој помеѓу современ мини компјутер и огледало. Ова огледало користи канали за мрежно емитување на актуелни новости, време, метеоролошки информации кои овозможуваат широка примена во нашето секојдневие.

Bitolanews: Кинематографијата е исто така твоја силна страна. Кажи ми кои се твоите постигнувања во оваа област?

 Кристијан: Во областа на кинематографијата имам освоено две дипломи и една плакета од фестивалот „Камера 300“ со краткометражните филмови „Aqua rei“ (Вода течи) и „Пред пред портите на битолските улици“. Потоа имам освоено диплома на фестивалот Шумен, Бугарија, диплома за освоено прво место на регионалниот натпревар млади техничари и природници, а на државниот натпревар освоив признание за учество.

Bitolanews: Сигурно твоето училиште се гордее со твоите успеси. Како придонесуваш ти за негова афирмација?

Кристијан: Да, сигурно (се смее). На регионалниот натпревар по математика добив диплома за освоена втора награда, а Македонското биолошко друштво ми додели диплома за освоена втора награда на општинскиот натпревар по биологија.

Bitolanews: Најнова награда ти е наградата од Министерството за финансии. Што се случуваше таму?

Кристијан: По повод светскиот ден на штетењето, Министерството за финансии ми додели диплома за најдобра ликовна творба на тема „И јас умеам да штедам“. Преку цртежот прикажав дека времето е пари и со плодовите од штедењето си обезбедуваме подобар живот.

Bitolanews: Ова не ти е единствена награда од областа на уметноста. Со каков успех се имаш закитено во последните неколку години?

Кристијан. Пред неколку години освоив трето место на натпреварот поддржан од Државниот завод за статистика на тема „Светот низ бројки“. Мојата творба беше мапата на светот и низ неа нумеричките бројки.

 

Bitolanews: Кое е твоето хоби? Што правиш во слободно време?

 Кристијан. Јас сум активен член на КУД „Илинден“ – Битола. За успешно негување и презентирање на народната традиција имам добиено диплома од меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“.

Bitolanews: За крај, кажи ми која е твојата инспирација и мотивација за учество на сите овие натпревари?

 Кристијан: Инспирација и мотивација ми е интересот кон науката и уметноста, како и желбата за стекнување нови пријателства со талентирани врсници.

Александра Упале

More from КултураMore posts in Култура »