Последните три-четири денови Битола ја имаат зафатено дождливо време, а со дождот конечно есента се покажа во право светло после потоплото време.
Улиците низ Битола останаа полупразни како и паркот каде можат да се видат само луѓе кои брзаат низ влажните улици и тротоари.
Дрвјата полусоголени и со паднати лисја будат сетни чувства и спомени.
Но, и ваквото време си носи свои убави моменти кога Битолчани седнуваат во топло во кафулињата каде со топол чај или кафе си муабетат или мир гледаат како дождот мирно си врне и носи некоја романтика во душата.
Иако некои уживаат во вакво врнежливо и досадно време, најголемиот дел од битолчани со нетрпение ги очекуваат сончевите денови.
А најавите на метеоролозите не им одат во прилог на љубителите на топлото време и сонцето.
Временската прогноза е како за ова време. Сабота дожд, недела облачно со намалување на температурите, а од почетокот на идната седмица се очекува и првиот снег во Битола, а снежните врнежи ќе престанат во вторник.
Ж.Р.