Press "Enter" to skip to content

По силен ветар тројца битолчани денес стигнаа до двете езера (фото)

Народната поговорка која гласи, дека по утрото денот се познава, денес не им беше во прилог на тројца наши млади сограѓани кои “излагани“ од временската прогноза тргнаа по сончев ден да ја “освојуваат“ Баба планина.

Иако време од сабајле беше ведро и сончевите зраци по речиси една седмица се пробија низ облаците, на Пелистер постојано дувал ветер, а колку ветрот бил силен, можеа и битолчани да видат, кога ќе упатат поглед кон врвот Пелистер.

Но, и силниот ветар не ги спречи Даниело Божиновски, Кристијан Ѓорѓиевски и Стефан Ѓорѓиевски да стигнат до двете езера.

-Тргнавме од Битола во 6 часот да стигнеме до двете езера и до Антена. Од Битола не можевме да видиме како е на Пелистер, но кога започнавме да се искачуваме не пречека силен ветар. Снежната покривка изнесува околу 30 сантиметри,но не беше проблем да се искачуваме. Стигнавмедо двете езера но силниот ветар не ни дозволи да продолжиме да се искажуваме до Антена. Не можам да кажам со колкава брзина дува тука ветерот, но не моменти ништо не се гледа од снегот кој се развејува. Поради ветрот се враќаме назад, а на Антена ќе се обидеме да се качиме за престојниот викенд, ни рече во телефонскиот разговор, Даниело Божиновски, кој ни ги испрати и прекрасните фотографии.

More from БитолаMore posts in Битола »