Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Пораки од детето до родителите

Подготвил: Жанета Ристевска, психолог

Овие  интересни препораки упатени од детето до родителот  сигурно ќе ве замислат  и ќе ве поттикнат на некои промени во однесувањето кон вашето дете.  Тие на мудар начин ни објаснуваат некои дилеми со кои се соочуваме при воспитувањето на своите деца.

Не разгалувај ме… знам сосема добро дека не треба да добијам се што ќе посакам. Јас само те испитувам.

Не плаши се да бидеш строг со мене. Тоа за мене е добро. Ми помага да станам свесен за моите постапки.

Не употребувајврз мене сила, зашто ќе сфатам дека силата е се на светот. Ќе бидам многу попослушен, доколку си подготвен да ме водиш без сила.

Не биди недоследен, бидејќи тоа ме збунува и ме тера на било кој начин да бегам се посилно, од се.

Не ветувај ништо. Моќеби не ќе можеш да ги одржиш ветувањата и ќе ја загубиш мојата доверба.

Не наседнувај на моите провокации кога нешто правам и зборувам само со цел да те нервирам, бидејќи така ќе се обидам да бидам подобар.

Не прави да се чувстувам помалечок од колку што сум, зашто со тоа ќе направиш да се правам важен.

Не прави го за мене и тоа што можам сам да го направам, бидејќи со тоа правиш да се чувствувам недораснат, а можеби ќе ме навикнеш да те искористувам.

Не дозволувај моите лоши навики да одземат многу од твоето внимание, зашто така ќе ме поттикнеш да продолжам со нив.

Не поправај ме пред други ако згрешам бидејќи повеќе ќе те разберам и прифатам, ако тоа го сториш кога сме сами и со мирен тон.

Не обидувај се да го проценуваш моето однесување среде кавга, бидејќи во тие ситуации мојот слух е слаб, а соработувам уште полошо. Во ред е да се преземе нешто, но тоа ќе го оставиме за некој помирен разговор, кој воедно ше биде полезен.

Не обидувај се да проповедаш, бидејќи ќе се изненадиш колку добро знам што е добро, а што не.

Не прави своите грешки да ги чувствувам како гревови. Научи ме да чувствувам дека сепак сум добар, иако правам грешки.

Не досадувај ми, бидејќи ќе треба да се правам наглув.

Не барај постојано објаснување за моето лошо однесување бидејќи понекогаш навистина не знам зошто нешто сум сторил.

Биди задоволен што се сум ти кажал.

Не ја оптеретувај мојата чесност, бидејќи лесно можеш да ме заплашиш и да почнам да лажам.

Не забаравај дека премногу сакам да експериментирам, бидејќи така учам и затоа те молам, толерирај го тоа.

Не заштитувај ме од последиците, бидејќи имам потреба да учам од своето искуство.

Не грижи се премногу поради моите лесни болести, бидејќи лесно можам да се навикнам и да уживам во слабото здравје, доколку тоа ми обезбедува големо внимание.

Не игнорирај ме кога поставувам искрени прашања, бидејќи ќе престанам да те распрашувам и ќе барам информации на друго место.

Не одговарај на моите глупави и безмислени прашања, бидејќи со тоа сакам само да ми обрнеш внимание.

Никогаш не вели дека си совршен или безгрешен, бидејќи тоа премногу ме оптоварува.

Не грижи се поради тоа што малку време поминуваме заедно, важно е како тоа време го поминуваме.

Нека не те загрижуваат премногу моите стравувања, бидејќи така ќе се плашам уште повеќе. Покажи ми храброст.

Не заборавај дека не можам да напредувам без поттик, храброст и големо разбирање.

Сепак  заслуженото, безрезервно одобрување понекогаш се заборава, наспроти критикувањето што постојано се помни.

Однесувај се кон мене како кон своите пријатели, за да ти бидам и јас пријател, запамети дека повеќе учам од примери одколку критики.

И НЕ ЗАБОРАВАЈ, ТОЛКУ МНОГУ ТЕ САКАМ

И ТЕ МОЛАМ САКАЈ МЕ И ТИ МЕНЕ ЗА ВОЗВРАТ.