Press "Enter" to skip to content

“Најхрабрите“ битолчани, на шаховска табла, му се спротиставија на велемајсторот Влатко Богдановски (фотогалерија)

Денес во просториите на Меѓународниот Славјански универзитет во Битола се одржа настан кој како рекоа организаторите, МСУ, бил единствен од ваков вид во Македонија.

Битолскиот велемајстор во шах, Влатко Богдановски, одигра симултан натпревар – “симултанка“ со 30 препознатливи битолчани.

-Ме радува дека една високо образовна установа е организатор на шаховски турнир и симултан натпревар, бидејќи шахот е основа на компјутерската наука, која се изучува насекаде на сите високо образовни институции, а првата книга за шахот датира од почетокот на 16 век,а и тоа е поврзано со школувањето. Се надевам дека и во иднина ќе имаме вакви средби каде студентите и останатите ќе играат шах, рече пред почетокот на “симултанката“, велемајсторот, Влатко Богдановски.

Во име на организаторот на “симултанката“, Меѓународниот славјански унститут, раководителот, Игор Михајловски рече:

-Ова е еден од настаните кои сум ги организирал, а кои ќе ми останат во долго сеќавање. Благодарам на сите оние кои беа денес присутни и кои ја поддржаа идејата за возобновување на шахот во Битола.

По завршувањето на “симултанката“, само тројца битолчани, ќе можат да се пофалат дека одиграле реми со велемајсторот, а тоа се Сашко Павловски, Тони Коњановски и Весна Светозарева.

На овој симултан натпревар настапија:

Сашко Павловски, претседатела на ШК “Стевче Патако“

Тони Коњановски, советник со Советот на општина Битола

Весна Светозарева, психолог

Лидија Стефановска, професор на “БАС“

Благој Шаклевски, поранешен советник во Советот на општина Битола

Никола Јошевски, директор на “СН финансии“

Валентин Груевски, претседател на Советот на општина Битола

Стефче Димески, регионален директор на “СТБ“

Љупчо Савевски, судија

Зоран Лазаревски –Паљо, боди-билдер

Стевче Стефановски, поранешен ракометен селектор

Мирјана Стојановска, поетеса

Сашо Паркет, рок музичар

Панде Богоевски, директор на ЈП “Комуналец“

Меродија Куновски, новинар ТВ “Орбис“

Марјан Танушевски, новинар “МИА“

Горан Козаров, директор на ЈП “Водовод“

Борче Василевски, “Битолска лабораторија“

Игро Михајловски, раководител на “МСУ“

Никола Чобанов, кафе “Аеро“

Валентин Светозарев, сценограф

Борче Корлевски, советник во Советот на општина Битола

Светлана Петковска, женски активист

Божидар Маслинков, поранешен ректор на УКЛO

Игор Неделковски, професот на ФИКТ

Милчо Дули, НВО “Сфера“

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ЗабаваMore posts in Забава »