Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Убавите работи на „Тајфата во понеделник“, преминуваат во традиција

Тешко е некои работи да се одржат повеќе од еднаш, петпати, но една работа ако се повторува тринаесет пати, тогаш тоа веќе е традиција, која како велат битолчани “фатила корен“.

Тринаесет години предновогодишно дружење на 31 декември секоја година се случува пред бутикот “Линкести“ без разлика каде тој да е лоциран.

Овој пат тоа се случи на Широк Сокак, каде е што се наоѓа последната локација на бутикот “Линкести“, а таму околу пладне се собраа, како сами се нарекуваат, „Тајфата во понеделник“.

Во таа тајфа се: газдата Тони, Бошко, Ортако, Дејан, Валентин, Горко, Драган…

„Тајфата во понеделник“ на сите битолчани им посакува здравје, убав збор, љубов и мерак.

Среќно и бериќетно !!!

More from ЗабаваMore posts in Забава »