Press "Enter" to skip to content

Традиции: Во битолската населба “Ушици“, на истото место од 1965 година, по 54 пат запален коледарскиот оган

Вечерва жителите на населбата “Ушици“ и покрај сите препораки на еколологистите и поповите, по 54. пат го запалија коледарскиот оган, а како велат повозрасните тоа се прави од 1965 година кога се направени првите куќи во населбата. На коледарскиот оган се собираат жителите на населбата, за тоа како започна оваа традиција Паце Лозанова, родена Смилевска вели:Паце Лозанова – родена Смилевска

-Првите куќи се направени во 1965 година, а населбата почна да се гради две-три години претходно. Првите фамилии кои се вселија во куќите беа: Џајковци, Милевските, семејството на Мендо и Билјана, Рафевци, Корлевци, Рамповци, семејствата на Фидан, на Душко… Најверојатно некој од нив ја започнал оваа традиција која еве трае цели 54 години, а вечерва и ние кои сега сме жители на оваа населба ја продолжуваме. Јас потекнувам од попска фамилија, дедо ми Вангел и прадедо ми Грујо биле попови, па најверојатно затоа ми останало во сеќавањето за овој обичај. Но, во “Ушици“ сите доаѓале на огнот и во времето на социјализмот и ниту од една куќа не се противела на палењето на оган и сите носеле дрва за горење на огнот.

Тетка Паце се сеќава и на местото каде се запалил првиот оган во “Ушици“ и вели:Фотографија од местото каде се палел огнот во 1965 година, Паце, Драги, Розета, Елка, Маричето, Пеце, чичко Цветан…

-На местото каде денес се пали огнот во паркот во населбата, беше запален и првиот оган. Сега тука има високи дрвја кои се посадени некаде во седумдестите години на минатиот век, кога беа засадени првите маслинки и багреми. Тогаш во 1965 година не беше уредено местото, беше празно, а тука се правеа тулите за куќите, како што се гледа на фотографијата која сум ја зачувала по некоја случајност. Тука на фотографијата сум јас, Розета, Маричето, Елка, браќа ми Пеце и Драги, татко ми Цветан…

Вечерва на огнот, од тој период кога се палеле првите огнови во “Ушици“ беа Спире Магдевски, Попо, Бале – Корле, Диката, Митко, Стево, Цанко, Кирко…

Еден од нив е и Митко Лозановски кој за оваа традиција во “Ушици“ вели:Митко Лозановски

-Јас од кога се сеќавам на населбата се сеќавам и на коледарските огнови кои се палеа тука на истото место. Се палеле и други огнови наоколу, но овој оган, нема година да не се запали, а другите се палеле по еднаш или неколкупати. Покрај за коледе се палел оган и за Василица. Порано имаше многу повеќе луѓе на огнот, потоа некој период имаше помалку, а сега ме радува дека тука има многу жители на населбата и тоа од повеќе генерации, а меѓу нив се мојот син, ќерката на Цанко, твојата ќерка…Спире, Цанко, Благој, Митко

На огнот во “Ушици“ ретко доаѓаат жени, а зошто е така Митко вели:

-Не знам зошто, но на огнот ретко има жени. Најверојатно поради обврските жените не можеле да дојдат на огнот, а жените во пресрет на Божик имале порано и повеќе работа по дома, готвеле, меселе, не подготвувале нас децата. Но, сега доаѓа и по некоја жена, а деца има редовно, кои си нетпрение чекаат да ги почастиме. За време на Коледе било многу студено, било топло, но и паѓал дожд, но без разлика какво било времето се случувале многу мајтапи, смеа, песни. Не би кажувал како поминувавме, само ќе кажам дека бевме многу среќни, а секој кој ќе го чита ова од оваа населба, од “Ушици“, ќе се присети на некоја анегдота, и на некој кој повеќе за жал, го нема меѓу нас.Филип Сековски и Бојан Михајловски

Додека повозрасните се присеќаат како било порано, младите, Бојан Филип, Мартин, Никола, Владе, Борис, Ивица… беа зафатени со подготвувањето на јадењето. Бојан Михајловски и Филип Сековски беа задолжени за подготовката, а кратко велат:-Секоја година, неколку години наназад, сме вклучени во подготовката. Не радува тоа дека ја продолжуваме оваа традиција која започнала во 1965 година, а  се надевам дека така ќе биде и во иднина кога нашите потомци ќе го прават ова што ние сега, а и нашите дедовци и татковци го правеле порано.Децата редовно на коледарскиот оган во “Ушици“

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »