Press "Enter" to skip to content

На радост на “гејмерите“ и “гејмерките“, “Глобал Гејмџем“ се враќа во Македонија, а настан ќе има и во Битола

Македонската асоцијација за развивање игри потврди дека и годинава ќе се оджи “Глобал Гејмџем“ (GGJM 2018) и тоа во два града во Скопје и Битола во последниот викенд овој месец од 26 до 28 јануари.

За време на 48-часовниот маратон се изработуваат игри, а во него може да учествува секој ентузијаст и љубител на гејмингот, а во тек е пријавувањето за гејмџемот во Битола, кое може да го направете во хотел “Театар“ во Битола.

Инаку, во изминативе пет години, близу 1.500 учесници изработиле речиси 150 игри.За овој интересен настан Македонската асоцијација за развивање игри направи и промотивно видео, а објави и интересен оглас кој го објавуваме.

Џемери и џемерки, и официјално креваме глас за GGJM 2018.

Последниот викенд оваа (односно 2018та) година е од 26-ти до 28-ми јануари.

Иако локациите уште ги бираме, полираме, тинтраме и разгледуваме, вие треба да:
– Ја загреете машината
– Направите простор и се ослоботите тој викенд
– Си набавите WiFi стикче (доколку сте со PC)
– Изиграте 150 игри до тогаш
– Најдете продолжен кабел (не им го земајте на домашните, они мораат да гледаат турски серии)
– … чекате да биде објавена локацијата и отворени регистрациите.

Во процес сме на обнова на сајтот и рефреш на информациите така што ова е единствениот начин кога стокирањето и кампирањето е оправдано.

Се читаме за брзо џемери! 
Спремете се!

More from ВестиMore posts in Вести »