Press "Enter" to skip to content

Во детското ликовно студио “Св. Кирил и Методиј“ доделени 40 меѓународни признанија (фото)

Вечерва во просториите на Малиот Монмарт во Старата битолска чаршија беа  доделени 40 меѓународни награди на 15 членови на студиото што ги освоија на ликовните фестивали во Јапонија, Чешка, Полска, Индија, Унгарија, Романија…, а наградите им ги доделија министерот за култура Роберт Алаѓозовски и градоначалничката Наташа Петровска. Раководителот на студиото, Коста Хаџиантоновски, пред ја да пресече тортата наменета за децата кои ги освоија наградите рече:

-Оваа манифестација секоја година ја организираме на 25 јануари, денот на раѓањето на Тоше Проески, но овојпат направивме мало поместување во календарот на настани затоа што вечерашната свеченост ја организираме заедно со Министерството за култура.Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, рече дека од секогаш го знае брендот “Малиот Монмарт“, претходно само од прилозите на телевизија,но сега му е мило што е тука да се запознае со децата и нивните творби и нагласи дека ова е брендот по кој се препознава Македонија и Битола на светската културна мапа.Градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска, додели дел од наградите, а рече дека се радува дека е градоначалник на град кој има вакво големо богатство и дека Монмартр е храм на уметноста и место каде се уметноста се сплотува со младоста. Најмалите ликовни уметници од Детското студио на Алаѓозовски и Петровска им доделија плакети во знак на сеќавање на овој настан.

С.Р.

More from КултураMore posts in Култура »