Press "Enter" to skip to content

Наместо благодарност лекар од “брза помош“ добил тупаница

Лекар од итната медицинска помош од Битола, синоќа бил нападнат од алкохолизирано лице при обид да му укаже лекарска помош, околу во 21 часот и 05 минути во Битола на улица „Васко Каранѓелевски“, пред кафе-бар во Битола.

Имено 34-годишниот В.С од Битола, од страна на екипа од итна медицинска помош било излезено надвор од локалот, со цел укажување лекарска помош, откако паднал.

-Бидејќи бил под дејство на алкохол, од страна на доктор му било укажано дека треба да го пренесат во ургентниот центар, по што В.С. станал и го нападнал докторот, удирајќи го со тупаница во десната слепоочница, нанесувајќи му телесна повреда – стои во соопштението.

Секторот за внатрешни работи Битола презема мерки за расчистување на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »