Press "Enter" to skip to content

Битолчанката Силвана Ангелевска, нов член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПММЕ

Вечерва на седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, по предлог на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски е изгласан новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

За нов член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, по предлог на Мицковски е избрана битолчанката проф. д-р Силвана Ангелевска.

Силвана Ангелевска е професор на Техничкиот факултет во Битола, а е член  на ВМРО-ДПМНЕ од 2002 година. Таа ја извршува функцијатаа претседател на Советот на Општина Битола воизминатиот состав на Советот, во период од 2012 до 2017 година. Член е на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ од 2013 година до денес.

Во новиот Извршен Комитет има истакнати професори, уметници, доктори, спортисти, партиски активисти и кадри со долгогодишно партиско искуство кои ги обединува патриотизмот и желбата за просперитетна Македонија.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.