Press "Enter" to skip to content

Интервју: Методија Илиевски, политичар за 21 век, млад, модерен…

На закажаниот разговор за интервјуто нашиот соговорник, Методија Илиевски, дојде точно на време. Урбано модерен, харизматичен со позитивна енергија која веднаш се чувствува и паѓа веднаш во очи.  На почетокот од нашиот разговор  низ насмевка, го започнува разговорот:

-Уште од мали нозе моите родители ме воспитувале да бидам точен, доследен и културен, сето тоа многу ми помогна низ мојот живот како во моето образование, на професионален план и во мојата политичка кариера.

Можеме да кажеме дека со своите 30 години,многу млад, имате зад себе многу успеси како на професионален план, така и во политиката. Дали може да ни кажете како се започна, како се одвиваше вашата професионална и политичка кариера на современ млад политичар, кој сигурно е, и ќе биде пример, не само во Битола, во вашиот роден град, туку и пошироко.-Би започнал со моето образование кое сметам дека е најважно во животот. Тоа е како основа на се. После завршеното средно образование се запишав на Биотехничкиот факултет во Битола на кој и сум магистер по Биотехнички науки. Но, напоредно со факултетот ми се одвиваше и мојата кариера.Откако ги започнав студиите 2005 година, започнав да работам бидејќи сакав сам да заработувам, а не да живеам од пари кои ќе ми ги даваат моите родители. Така започнав да работам како менаџер во кафулиња и тука би ја истакнал работата како менаџер во тогаш популарното кафуле „Симбол“ каде бев менаџер 3 години во периодот од  2010 до2013 година, а тоа се години кои ќе ми остават многу убави спомени. Заради тоа и сакав разговорот и фотографиите да ги направиме овде. Со работата како менаџер се докажав дека имам организациони способности и вештини во социјалните контакти со луѓе. Тука запознав многу луѓе со кои се дружам и до денес. Исто така работата одговараше на мојот немирен дух кога секој ден се случува нешто ново. Организиравме забави и журки по светски терк со ди-џеи и пеачи во живо, а во кафулето секогаш се бараше место повеќе. Искуството од менаџирањето од тој период ми помогна и за работата која ја работам и денес, како маркетинг-менаџер за продажба во АД “Пелистерка“ – Скопје. 

Денес, напоредно со оваа професија јас сум и професионален ракометен судија во Супер ракометна лига, каде судам во пар со мојот брат, близнак, Михајло, каде се пронаоѓам себеси уште од 2007 година. На овој начин на моето ангажирање ги поврзувам работата и задоволството.

Низ сите тие години  стана препознатливо лице во градот, секогаш дотеран, културен и коректен во односите со другите луѓе, т.н. фер-плеј играч, а како таков сигурно ќе те паметат и во иднина. Во тоа време започна и вашата  политичка кариера, а слободно може да се каже дека уште со појавувањето во политиката,  се наметна на политичката сцена во Битола. Твојата  емоционална интелегенција  тука и дојде до израз која значи да се биде сугестивен, да веруваат луѓето во тебе и да поведеш луѓе за некоја идеја. Таа е значајна и карактеристика на лидерите. Кажете ни  како започна вашата политичката кариера?

-Уште на 18 годишна возраст во 2005 година, станав член на Младинската организација на СДСМ, каде бев многу активен и од активист станав претседател на Локалниот клуб на младината на СДСМ во период од 2009-2013година период во кој ја водев младината низ два мандати. Во 2013 година бев избан за потпретседател на социјалдемократската младина на Македонија и тоа во два мандати, вториот завршува во 2018 година. Во тој период, односно во 2013 година, станав советник во Општина Битола од листата на советници од СДСМ, што беше мој прв мандат и прво посериозно политичко ангажирање. А, од минатата 2017 година продолжува мојот втор мандат како советник, сега на победничката група на СДСМ. Од неодамна сум и координатор на СДСМ и коалицијата. За цел овој период бев активен во сите сфери на политичкиот живот во Битола издржувајќи тешки моменти на притисоци како опозиција, останувајќи доследен на себе и своите принципи. Сето тоа храбро го издржав,  кажува низ насмевка.

За цело време низ вашата политичка кариера, се истакна со посебен стил на современ Европски политичар, харизматичен пред се, секогаш достоинствен, горд, директен во изјавите и ставовите. Но можеме да истакнеме дека сте остар, но умерен во изјавите и критиките, без навреди и понижување на другите луѓе.  Тука дојде до израз твојата личност,  со еден сопствен препознатлив  урбано моден стил на модерен политичар. Ќе ни кажете ли повеќе за тоа.-Сигурно дека карактерот е многу важен, но и работата на себе и развивањето на емоционалната интелегенција која ја споменавте и која треба постојано да се јакне. Таа придонесува и не прави да бидеме цврсти, доследни и имаме добри социјални контакти со другите луѓе. Доследно да се држиме до своите ставови и принципи. Секако треба и постојано да се учи и вложува во себе. Тука би ги истакнал многуте обуки и семинари кои сум ги поминал од формален и неформален карактер. Посебно би го истакнал учеството во политичката академија во организација на “Прогрес институтот“. Што се однесува пак за мојот моден стил, можам да кажам дека низ сите овие години се трудам да ги следам модните трендови. Денес се советувам и со мојата сопруга, за тоа како ќе изгледам бидејќи таа е моден зависник и знам дека знае што е “ин“. Понекогаш за некои настани како црвен тепих на фетивалот “Manaki Brothers “ и други значајни манифестации, знаеме и да се усогласиме со аутфитот со неа.  

На сите настани со вашата убава сопруга паѓате во очи како совршен пар. Од најпосакуван ерген стапнавте на “лудиот камен“ и сега сте во брак. Што мислите за бракот.-Растев во семејство каде љубовта меѓу сопругот и сопругата е нешто свето во бракот. Тоа сум го гледал во моето семејство и така и јас гледам на  бракот. Тука би кажал „зад секој успешен маж, стои успешна жена“, мора тоа да го признаеме и поддршката од жената  е значајна за кариерата на  мажот. Би сакал да бидам успешен и како сопруг и како татко. Тие ми се плановите за во иднина.

-Како што истакнав на приватен план сакам да се остварам како успешен сопруг  и да станам татко на 2 или 3 деца бидејќи посебно ги сакам децата, а и тие мене (истакнува низ насмевка). А, на професионален план да ја искористам довербата што ни ја дадоа граѓаните на овие избори и да ја направиме Битола, убаво место за живеење, и да го вратиме нејзиниот сјај кој го имала, а и кој битолчани го заслужуваат.

Разговорот го водеше: Жанета Ристевска

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.