Press "Enter" to skip to content

Никола Талевски – Јапан: шест “Чкембари“ на првиот настап на Македонија на меѓународна ракометна сцена пред дваесет години во Италија

Македонската ракометна репрезентација деновиве е на голем меѓународен настан, Европското ракометно првенство, а љубителите на ракометот ќе ги потсетиме за првиот настап на репрезентацијата на меѓународен ракометен собир.

Тоа се случи точно пред 20 години кога Македонскаата ракометна репрезентација се пласира на Европското првенство во Италија. Таму со репрезентативците беа и битолските навивачи, а еден од нив е Никола Талевски – Јапано.Тој во својата богата ракометна архива грижливо ги чува и фотографиите и влезниците од Европското првенство.

-Европското првенство се одигра на 29 мај до 7 јуни во италијанските градови Мерано и Болцано. За потсетување само ќе кажам дека европски шампион беше Шведска, а Македонија заврши на 12. место од 12 репрезентации. Тогаш, во Италија не бевме голем број на навивачи, а покрај битолчани имаше и скопјани и секако од други градови, а со нас беа и Македонци кои работеа во Италија, со кои заедно бевме на трибините, се присетува Јапано, кој додава:-За тогаш во Италија сакам да споменам дека 29 мај, Македонија го имаше првиот натпревар против репрезентацијата на Унгарија. Репрезентацијата предводена од Пепи Манасков, Игор Котевски и одигра нерешено против силната Руска репрезентација 26:26 на 31 мај, а тогаш костурот на репрезентацијата беше од ракометарите на Пелистер. Македонија на тој натпревар го освои и првиот бод на меѓународна сцена. На тоа првенство бевме шест мина од Битола, јас, Тафата, Марјан, Шеќеро, Вања и Василаку. Патуваме за Италија со чартер авион од Скопје, а гаранциите за визи, кои тогаш беа потребни за патување,  за нас ги даде ракометната федерација на Македонија.

 

Јапано се присетува и дека тогаш селектор беше Ванчо Јовановски, а тренер на репрезентацијата битолчанецот Цане Крстевски, а лекар Боро Илиевски. Во составот на репрезентацијата беа Шандор Ходик, Игор Котевски, Томче Петревски…

Денес Јапано не е во Загреб, поради работни обврски не отпатува, но и од Битола од срце ќе ја бодри репрезентацијата на Македонија.

С.Р.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.