Press "Enter" to skip to content

Се одржа Василичарскиот маскембал во Цапари, за кој цапарчани тврдат дека е постар од вевчанскиот (фотогалерија)

Василичарски маскембал во потпелистерското село Цапари се одржа денес на кој со свои маски учествуваа жителите на селото, пред се младите, но покрај нив имаше од најмали па се до највозрасни, а присутна беше и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска со нејзините најблиски соработници.

Овој маскембал беше делод вековната традиција на маскирање на луѓето , со цел истерување на лошите духови, а сето тоа беше придружено со мизиката од зурлите и тапаните.Жителите на селото велат дека нема податок кога почнал, но повозрасните со сигурност тврдат дека Цапарскиот е постар од Вевчанскиот маскембал, а во подалечното минато бил поорганизиран. Тука ја споменуваат и емиграцијата како фактор за стагнирањето, а велат делат дека вевчанци биле поорганизирани и имале “поголеми“ луѓе во власта.

Порано карневалот започнувал на 13 јануари, вечерта кога доаѓала музиката и сите се собирале во селската кооперација до доцна во ноќта, а рано утрото во 8 часот по собирањето во Домот, се шетало по сите маали. Попладне по вртењето на мазникот со паре, се организирала игранка. Овој ден во минатото бил најсвечен ден за цапарци.

Порано маските не биле политички, а биле од странство, а во 60-тите години на минатиот век маскембалот бил забранет, е се одржувал без музика и се маскирале само децата. Во средината на 60-тите повратник од странство повторно го возобновил маскембалот.Денес, меѓу маските имаше и повеќе забележителни, а тука беа маските од научно фантастичните филмови, колективни маски иснпирирани од нашето минато, мажи преправени во жени, кардинали, но и маски кои го прикажуваат патот по кој Македонија ќе се интегрира во ЕУ и НАТО.

Цапарските василичари се собраа на сретсело на пладне, а продолжија по цапарските домови со вообичаенито ритуал на изгонување на лошите духови по домаќинствата, а од каде, пак, за награда, добиваа по некој денар. Така, маскираните василичари, поминуваа од куќа во куќа, предизвикувајќи внимание на останатите цапарчани, но и на гостите кои беа дојдени, пред се од Битола, кои ја следеа оваа вековна традиција.

Меѓу маските имаше многу оригинални идеи, а Цапари е едно од ретките села во регионот, кое покрај Вевчани, ја оржаува оваа вековна традиција која има елементи на паганство.

По маскембалот цапарчани се повлекоа во своите домови каде продолжија со одбележувањето на денот и вртењето на мазниците со паричка.

Текст и фото: С.Ристевски

More from ЗабаваMore posts in Забава »