Press "Enter" to skip to content

Сопатничката испаднала од автомобилот и загинала

Во сообраќајна незгода што се случи вчера околу 11.30 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај село Тополчани животот го загуби 18-годишна девојка.

Сообраќајна незгода се случила  кога О.М.К. (38) од Битола, управувајќи патничко возило фиат браво, со битолски регистарски ознаки, поради неприлагодена брзина кон условите и состојбата на патот, изгубила контрола над возилото и излетала од патот.

Возилото неколку пати се превртело, а совозачот Ј.К. (18) испаднала од возилото и починала на местото на настанот. Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт. О.М.К. била пренесена во Медицински центар Битола каде не и биле констатирани повреди.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од полициската станица Прилеп, соопшти МВР.

 

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.