Press "Enter" to skip to content

Борче Костов од Ноќни волци на трка во Бугарија

Викендов на патеката покрај Благоевград, Бугарија ќе се одржи отвореното првенство во мото-крос на кое се очекува да се појават стотина возачи од соседните земји, Македонија, Грција, Србија, Косово, Турција.

На оваа мото-крос трка ќе учествуваат и возачите на Ноќни волци од Битола,  Борче Костов – Жолтио и Гоце Томовски од Скопје.

За оваа трка Костов вели:

-Ова ќе биде промоција на новата патека покрај Благоевград, која е направена оваа година. Се очекува на отворањето на патеката да се појават сите возачи кои возеа на  Источно европското и Балканското првенство. Поради тоа што ова е прво возење на оваа нова патека нема да има фаворите, туку сите тргнуваме од нула. Утре имаме тренинг квалификаии сите класи, а в недела и офоцијалната трка. Очекувам да бидам помеѓу првите петмина во мојата класа.

Инаку, Костов оваа сезона се појави на пет трки од Источно евриопското првенство, и е пласиран на четврто место.

Додека возачите се натпреваруваат на меѓународни трки, за жал се уште се нема одржано трка во домашното првенство, за кое можеби ќе нема ниту рангирање.

С.Р.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from СпортMore posts in Спорт »