Press "Enter" to skip to content

Мартина Богатиновска, балкански топ модел

Во организација на модното студио “Шанел“  во ресторанот  “Винарска визба Лозар“  во Битола се одржа финале за избор на Балкански “Топ модел 2017“, а на модната писта се претставија манекенки, топ модели,  од неколку Балкански држави.

Победничка на овој избор е претставничката на модно студио “Шанел“ , Мартина Богатиноска од Прилеп, која неколку години е член на ова  познато не само во Македонија, модно студио.

Прва придружничка беше избрана Андријана Илјовиќ од Србија, а за втора придружничка претставиците во жири-комисијата ја избраа, битолчанката, Елена Георгиевска.

Покрај изборот на најдобриот балкански топ-модел големиот број на гости во овој новоотворен ресторана-винарија, “Лозар“ имаа прилика да  проследат и да узиваа во богата музичка програма во која настапија групата “Молика Јуниор“, Марјан Стојаноски и Ирена Спасовска.

Фото: Студио “Шанел“

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.