Press "Enter" to skip to content

Прво појавување на новата градоначалничка во јавност

Новата градоначалничка на Битола, Наташа Петровска, по само два дена по преземањето на градоначалничката функција, вечерва го имаше првото јавно официјално појавување и тоа на меѓународниот фестивал за аматерски филм “Камера 300“.

Градоначалничката Петровскаја го прогласи фестивалот за отворен, а организаторите на Фестивалот ја искористија приликата да и го честитаат изборот за градоначалник на Битола.

Наташа Петровска вчера во нејзиниот кабинет оствари средба со  амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Милан Јазбец, министер за словенците во стрaнство Горажд Малц и претставници од словенското осигурително друштво „Триглав”.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.