Press "Enter" to skip to content

Иве Трифуновски: поразот боли, но одиме во Скопје по бодови

Поразот на фудбалерите на Пелистер на свој терен и промената на тренерот Срѓан Захариевски веднаш потоа, остави траги и врз фудбалерите на Пелистер.

“Пелистерци“ од четвртокот работат со новиот тренер Спасе Ристевски, со кој ги одработија преостанатите тренинзи до гостувањето во Скопје, против истоимениот тим.

-Тешко е да се тренира по два порази и по промена на тренер, но ние сме професионалци и мора да работиме. Полека се средуваме, но не може лесно да се преболат два порази, од кој последниот на домашен терен. И покрај се одиме во Скопје, за од таму да се вратиме со бодови, бидејќи само така можеме да ги залечиме раните, вели фубалерот на Пелистер, Иве Трифуновски.

Натпреварот ќе се одигра на теренот во Автокоманда во Скопје со почеток во 13,30 часот.

Инаку, по 12 одиграни кола во Првата фудбалска лига на Пелистер се наоѓа на 8 место со 12 бодови колку што има и предпоследно пласираната Победа.

Пелистер во 12 кола има три победи и три нерешено одиграни натпревари со минусна гол разлика од 4 голови.

Екипата на Скопје е на последното место со само 6 освоени бода, без ниту една прволигашка победа оваа сезона.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.