Press "Enter" to skip to content

Многу емоции за крај на кариерата на Бранче (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Пред околу 4.000 навивачи во спортската сала “Младост“ во Битола се одигра ревијалниот натпревар со кој  Бранислав – Бранче – Ангелевски ја заврши својата ракометна играчка кариера.

Со многу емоции кој не можеше да ги скрие Бранче, а и најголем дел од публиката, заврши ревијалниот натпревар, кој започна со многу музика, светла, оган, и секако со многу подароци за славеникот.

Семејството на Бранислав Ангеловски се погрижи за спектакуларно изненадување за последниот натпревар во кариерата, а подароци му врачија скоро сите негови поранешни клубови, федерацијата, ракометните судии, Општина Битола. Ангеловски го доби својот оригинален дрес од историскиот натпревар за петтото место на Европското првенство во Србија во 2012 година, потпишан од сите репрезентативци и стручниот штаб, како и дресот со кој го одигра последниот 159. натпревар за репрезентација, против Исланд на Европското првенство во Данска во 2014 година, а на едно место се и сите трофеи во професионалната кариера на ракометарот,кој му го враши секретарот на Македонската ракометна федерација. Ангелевски доби и златна плакета од Општина Битола која му ја врачи советникот Методија Илиевски, а подарок доби и од капитенот на Македонската репрезентација Кире Лазаров. Тука беа подароците од РК Вардар, Трифун Костовски, соиграчите…

Потоа започа и натрпреварот во кој Ангеловски и пријателите одиграа реми со Пелистер Еурофарм (41-41).

Славеникот Ангеловски постигна пет гола, а нејефикасен поединец беше Дејан Манасков со 14 гола. Во тимот на Пелистер, осум гола постигна Чантурија, а шест Орјоканидзе.

Во своето емотивно обраќање Бранче им се обрати и им се заблагодари на сите, неговото семејство, клубот Пелистер и сите негови прецедатели, тренерите кои го тренирале во текот на целата кариера, соиграчите од сите клубови, публиката, другарите од детсвото. Ангеловски не дочека да го заврши својот говор, кога неговите пријатели со подигнаа во воздух.

На две минути до крајот на натпреварот, тренерскиот тим на Ангеловски и пријателите повика тајм-аут само за здравица со пиво на тимот кој го одбра битолчанецот. Келнери со пиво влегоа на паркетот и ги послужија ракометарите среде натпревар за да го заокружат спектаклот со другарска здравица.

Филип Миркуловски беше одушевен од спектаклот и идејата на Бранче и сите оние кои го направија овој спектакл, кој ги собра сите најзначајни соиграчи од кариерата на последниот натпревар од кариерата.

-Сакам да му честитам на Ангеловски за целата негова кариера, за последниот натпревар и за тоа што нему прв му текна да направи ваков спектакл, кој треба да го практикуваме. Мене ми е посебно драго што мојата прва титула во Металург ја освои со Ангеловски во тимот, а минавме и многу убави моменти во репрезентацијата. Драго ми е за оваа публика која го почитува и го сака ракометот и заслужува многу радости“, истакна Миркуловски.

Ангеловски уште утре ја напушта Битола и заминува за Констанца, каде ја извршува функцијата спортски директор на овој ракометен клуб.

Текст и фото: Сашо Ристевски

 

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.