Press "Enter" to skip to content

Двајца битолчани на мото-крос, Гран при на Благоевград

На отворањето на новата мото крос патека во Благоевград, Бугарија, се одржа мото-крос трка, која беше насловена “Гран при на Благоевград“, на неа настапија двајца мотокросисти од нашиот град, Борче Костов – Жолтио од мото клубот Ноќни волци  и Христијан Станковиќ од мотоклубот Мотостарс.

Борче Костов кој настапи во категорија МХ3, но поради проблеми со моторот не успеа во своите намери да избори добар пласман.

-Имав проблеми со моторот и кочниците, па затоа бев последен на стартот, но успеав во текот на трката да ги престигнам половина од возачите, кои ги имаше повеќе од триесетина. Од пласманот секако не сум задоволен и оваа трка можам да ја сметам само како еден силен тренинг. Кога сум кај оваа трка, и кај останатите, морам да напоменам дека немаше да се појавам и настапам ако не беше претседателот на Ноќни Волци, Ленин Јовановски, кој сноси најголем дел од трошоците за трката, а за оваа трка помогна и нашиот сограѓанин, Љупчо Стојановски – Љупата, од Сиднеј, Австралија, ни рече Борче Костов –Жолтио.

Во категоријијата МХ2 настапи Христијан Станковиќ кој на двете трки беше седми, исто така во силна конкуренција.

-Конкуренцијата беше силна но успеав на двапати да стигнам до седмото место. Се надевам дека во иднина ќе имам подобри пласмани, рече на кратко Христијан Станковиќ.

More from СпортMore posts in Спорт »