Press "Enter" to skip to content

Битолски шнауцер “најубав претставник во својата раса“ во Србија

Битолско куче, со македонско потекло, е победник на 14 по ред специјализирана изложба за кучиња од расата пинчери и шнауцери, која се одржа во Крагуевац, Србија, во организација на српскиот пинчер и шнауцер клуб.

-Како и за секое собирање на натпреварување на кучиња од било која раса и било кој ранг така и за ова натпреварување заминавме организирано и целосно подготвени. Знаевме колку голема ќе  биде конкуренцијата и дека таму ќе бидат најдобрите кучиња од расата пинчери и шнауцери не само од Балканските земји, туку и пошироко. Имавме квалитетен судија, д-р Маргинеану Калин од Романија, кој знаеше секое куче да го оцени според квалитетот што го поседува, и како сето тоа неговите презентери да го презентираат во рингот. Битолското куче SARASWATI BRUNNO GREEN од расата бел џуџест шнауцер, кое е мекедонски производ, односно е родено во Македонија ги доби највисоките оценки од страна на судијата и ги доби престижните титули “Зрел клубски победник“ и “Најубав претставник во својата раса“, вели Тоше Митрев, претседател на кинолошкото друштво “Конзули“ од Битола, а и презентер во рингот на кучето победник.

Кучето е во сопственост на Димитар Трајков, кој за оваа победа на неговиот куќен миленик додава:

-Да бидам искрен очекувам добар пласман, но не ја знаев конкуренцијата. Кога се појавивме на рингот знаев дека ако има фер судење моето куче ќе биде најдобро. Вложениот труд се исплати и сега ја верифициравме нашата работа и официјално. Сакам да споменам дека имавме одлична презентација од презентерот Тоше Митев, а за одличната фризура се погрижи Владимир Сајков, вели сопственикот Димитар Трајков.

Инаку, овие не се први титули на SARASWATI BRUNNO GREEN оваа година. Кучето во 2017 година ја освои титулите: шампион на Македонија, шампион на Србија, шампион на Грција и најважната титула Интернационален шампион.

-Со оваа победа во Србија завршуваме со натпреварите за оваа година, но веќе ги имаме направено плановите за идната година. Остануваме со истиот тим, бидејќи тимот кој победува не се менува. Имаме зацртано неколку предизвици, а најголеми предизвици ќе бидат излегувањето на европската изложба, која ќе биде во градот Киелце, во Полска, а потоа следува и светската изложба која ќе се одржи во Амстердам, Холандија, вели на крајот Митев.

Инаку, битолското кинолошкото друштво “Конзули“ е едно од најактивните кинолошки друштва во Македонија.

С.Р.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *