Press "Enter" to skip to content

Битолчанката Теодора-Теа Ристевска на Љубљанскиот маратон

Годинешниот 22. Volkswagen Љубљански маратон се одржа оваа недела на 29 октомври  2017, во чија што рамка се одржаа: маратон (42.195 м.), OMV полумаратон (21.098 м.) и GARMIN трка на 10 км.

Македонија ја претставуваа осумдесетина тркачи, меѓу кои и битолчанката Теодора-Теа Ристевска која успешно ја истрча трката од 10 километри.

Дваесет и четири годишната Теодора-Теа моментално е на постдипломски студии на Факултетот за општествени науки во Љубљана на отсекот Европски студии и дипломатија.

Покрај нејзините студии, таа активно спортува, а особено има љубов кон планинарењето и алпинизмот. Во текот на нејзиниот едногодишен престој во Словенија, таа го искачи највисокиот врв во Словенија – врвот Триглав 2.864 м, како и врвите: Сторжич  2.132 м, Вогел 1.922 м, Разор 1.551м,  Орлич 1.449 м, Нанос 1.313м, Љубељ 1.058 м и Вогар 1054 м.

Теодора-Теа Ристевска е ќерка на познатиот битолски планинар Драган Ристевски, а со него заедно се имаат искачено на најголем дел од балканските врвови над 2.000 метри. Двајцата се искачија и на Триглав ред ова лето.

Љубљанскиот маратон е прво нејзино искуство, кое според неа ќе биде едно во низата маратони на кои таа планира да е дел во иднина.  Следен нејзин предизвик ќе биде полумаратон (21.098 м.) на Скопскиот WizzAir маратон кој ќе се одржи на 06 мај 2018.

Инаку, на Љубљанскиот маратонот зедоа учество скоро 30.000 тркачи од 58 земји од светот. Победник на овогодинешниот Љубљански маратон во машка конкуренција е Kimutai Marius од Кенија со резултат 2:08:33, a од женска конкуренција е Genemo Wote Shuko со резултат 2:27:02.

More from СпортMore posts in Спорт »