Press "Enter" to skip to content

Битолчани на дербито на “Пољуд“ во Сплит

-Љубовта кон фудбалот е постојана, а кога на тоа ќе се додаде страста кон навивањето и се она што се случува со навивачките групи, тогаш и илјада километри пат не се проблем, вака ја започна својата изјава еден од поранешните водачи на навивачката група “Чкембари“, Никола Талевски – Јапан.

Јапано заедно со Даниело Божиновски, ракометен судија и еден од помладите битолски спортски работници, минатиот викенд беа на стадионот “пољуд“ во Сплит, каде се одигра 81-то хрватско фудбалско дерби “ЕлКроатико“ помеѓу екипите на Најдук и Динамо, кое се одигра пред точно 24.736 гледачи.

-Дербито заврши нерешено 2:2, а екипата на Хајдук поведе во 38 минута со голот на Ерцев, а домаќинот имаше водство се до 89 минута, кога Динамо со голот на Бенковиќ израмни. Потоа следуваше гол во судиско продолжение во 91 минута поведе 2:1 со голот на Хенригес и водство на Динамо. По ова следуваше голема “фешта“ на навивачите на Динамо, познатите по името “БББ“. Но, на нивна жалост екипата на Хајдук во 94 минута од пенал израмни, а голот го постигна повторно Ерцег. По израмнувањето, радоста се префрли на другата страна, кај “Торцидата“. Сето ова беше празник за нас “неопредените“ односно дел од публиката која беше дојдена да ужива во спектаклот на хрватското фудбалско дерби, вели Јапано.

-Ова дерби не само што имаше четири гола, за уживање на публиката, тука не изостана и долгогодишното ривалство на двете навивачки групи “Торцида“ и “БББ“. На северната трибина каде секогаш се членовите на “Торцида“ како во вулкан, навивање без запирање, одлична кореографија, пиротехника речиси два часа. На спротивната страна под силно полицискообезбедување навивачите на загребски Динамо, “БББ“. По неколку испукани сигнални ракети во теренот од нивна страна сите стравуваа од пресметка со полицијата, што на среќа не се случи, со огромна навивачка страст, раскажува Јапано.

-Значајно е да спомени и тоа дека Хајдук од 2005 година не бил шампион на Хрватска и сега заостанува 7 бода зад Динамо, но огромната љубов на сплиќани и жителите на цела Далмација, е пресудна и во ова дерби да има 25.000 гледачи, додава Даниело, на кој ова му беше прво хрватско фудбалско дерби.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »