Press "Enter" to skip to content

Формирани комисиите, управните одбори по завршувањето на изборите

По предлог на претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски, на денешната седница, втора по ред, на дневен ред се најдоа првите 16 точки за формирање на Комисиите на советот.

Останатите, за разрешување и за именување на членови на Управните и надзорните одбори   во јавните претријатија, “Пазари, “Нискоградба“, Комуналец“, “Водовод“, ИЗ “Жабени“, урбанистично планирање проектирање и инженеринг, како и во јавните установи Дом за старски лица и Зоолошка градина, како уличишните одбори во сите средни општински училишта и основните училишта на територијата на општина Битола и детските градинки, се одложени.

Груевски одлагањето го образложи со тоа дека се уште официјално не се завршени локалните избори.

More from ВестиMore posts in Вести »