Press "Enter" to skip to content

Во ОУ “Кирил и Методи“едукативно предавање за „Сајбер насилство“

Сведоци сме на напредок на технологијата и создавње на генерации на деца кои растат со модерна технологија, интернет,  паметни телефони т.н. сајбер генерации. Имено, интернетот со себе донесе голем број позитивни работи и претставува моќна алатка. Тој овозможува огромен број информации, брза и лесна комуникација, размена на искуства, ставови, мислења. Но, исто така и негова злоупотреба. Насилството, навредите лесно се пренесени на социјалните мрежи бидејќи со неколку лесни типкања на тастатурат,а скриени позади маска, може да се спроведува насилство т.н. Сајбер насилство (Cyberbulling).

Сите сме сведоци дека со новата технологија може да се врши насилство 24/7 и притоа да бидат вклучени голем број сајбернасилници кои се вклучиле со неколку типкања и навреди кон жртвата. Сите ние како родители, наставници стручни соработници не би смееле да го оставиме настрана овој проблем кој не е наивен.

Заради сето тоа во ОУ „Св, Кирил и Методиј“ Битола  уште од минатата учебна  година започна проект за “Култура на социјалните мрежи и интернет меѓу учениците“.

Тим од соработници на психолошко-педагошката служба, наставници и ученици дисеминатори  организираат: едукативни предавања, работилници, видео презентации, дискусии  прилагодени спрема возраста  на учениците преку кои се подига свесноста кај младите паметно да го користат можностите што им ги нудат новите технологии.

Оваа учебна година проектот започна со едукативно предавање за „Сајбер насилство“ меѓу учениците од VI одд. предавањето го подготви предметниот наставник Софија Талевска Јанкова и психологот Жанета Ристевска. Проектот ќе продолжи со предавања и работилници со наслови: „Безбедно на Интернет“, „LIke за ненасилство во сајбер просторот“, „Позитивни и негативни страни на Интернетот и социјални мрежи“. Со едукативни предавања ќе бидат опфатени и родителите кои исто така имаат клучна улога во едукацијата затоа како нивните деца правилно да ги користат Интернетот и социјалните мрежи.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »