Press "Enter" to skip to content

Утре промоција на книгата “Тајната на нашите корени“

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола Ве поканува на промоција на книгата “Тајната на нашите корени“ од авторката Весна Илиовска.

Промотор на книгата ќе биде проф. Лилјана Стефановска. Промоцијата ќе се одржи на ден 03.11.2017 година (петок) со почеток во 14 часот во новата сала на библиотеката.

Оваа книга е сенка на едно време кое одамна поминало, но не не одминало, чекало свој момент да биде прераскажано. Таа е стар аманет оставен од сите генерации кои некогаш биле тука, го изодиле патот на животот и оставиле своја трага во историјата, кон сите сме овде и кои допрва ќе бидат, никогаш да не ги заборават своите корени какви и да се.

Ф. Б. Аземовска

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.