Press "Enter" to skip to content

“Коле Канински“ и Горната гимназија победници на ноќната трка (Фотогалерија)

Во организација на Сојузот на спортови од Битола и општина Битола вечерва се одржа традиционалната ноќна атлетска трка, на која учество зедоа околу 1.200 битолчани.

-Ова е 58 трка по ред, а вечерва настапија ученици од основните и средните училишта, студенти од УКЛО и граѓани. Екипен победник според освоените пласмани во основните училишта е ОУ “Коле Канински, а во средните училишта е Гимназија “Јосип Броз Тито“. Покрај екипните пласмани, сите поединечни победници, второпласираните и третопласиранире добија медали и дипломи, рече претседателот на Сојузот на спортови, Димче Миновски.

Учесниците и публиката ги поздрави градоначалничката на Битола, Нашата Петровска, која нагласи дека се радува дела 1.200 млади од Битола го покажаа спортскиот дух и да ја продолжат традицијата која трае без прекин 58 година. Петровска на дел од најмладите им додели дипломи и медали.

На победниците победите им ги честитаа и им доделија медали и претседателот на Советот, Валентин Груевски, членовите на Комисијата за спорт, советниците, Методија Илиевски, Борче Корлевски, советниците Тони Коњановски и Иванчо Тошевски, членови на Управниот одбор на Сојузот на спортови, професори по физичко образование и други истакнати спортски работници од Битола.

Ученичката од ОУ “Кирил и Методиј“, Ева Трпеновска неколку години по ред е првопласирана.

-Четири години победувам на ноќната трка по Широк сокак и се надевам дека и во иднина ќе продолжам да победувам, ни рече Ева.

Покрај младите оваа година на крајот се одржа и трката на граѓаните на која имаше десетина повозрасни битолчани, од кои само една жена.

С.Р.