Press "Enter" to skip to content

Доделени 4-то Ноемвриските награди (Фотогалерија)

Во салата на Народниот театар во Битола вечерва беа доделени 4-то ноемвриските награди за животно дело и за едногодишни остварувања.

Наградата за животно дело ја доби професор Трајко Огненовски.

За едногодишни остварувања награди добија лекарот Васо Радивојевиќ, уметникот Драган Најдовски и хуманитката Менка Николовска.

На присутните им се обрати градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска, која ги поздрави почесните гости, претставниците на Сојузот на борци и нивниот претседател, владиката Петар, почесните конзули, ректорот на УКЛО, гостите од збратимените градови… Таа на сите битолчани им го честита Денот на ослободување.

Наградите на добитниците им го додели шефот на протокол на Општина Битола, Ѓуро Илиќ.

Општина Битола, по повод празникот, Денот на ослободувањето на Битола, донира 30.000 денари на Центарот за аутизам во Битола.

По свечената седница и доделувањето на наградите културно уметничкото друштво “Стив Наумов“ исполни нивни обработки на песни.

Пред почетокот на свечената академија во холот на театарот беше отворена изложба на цртежи кои Малиот битолски Монмарт им ги додели на Општина Битола.

Текст и фото: С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »