Press "Enter" to skip to content

Чест и слава за ослободителите на Битола

Делегација на Сојузот на борци од Битола, заедно со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, претседателот на Советот на општина Битола, делегација на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, на СДСМ, на Левица и граѓани денес претпладне им оддадоа чест и слава на борците за ослободување на Битола.

Цвеќе се положи на споменикот пред Центарот за култура во Битола, кај споменикот на народниот херој Стив Наумов кај Офицерски и на Партизанските гробишта.

Претходно во кабинетот на градоначалничката Петровска се одржа прием за делагација на Сојузот на борци на Битола.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *