Press "Enter" to skip to content

Златна кацига во втор пат и Златна плакета на МФМ за Жолтио

Македонската мото федерација викендов ги додели наградите на победниците во сите категории за изминатата 2016 година. Прославата се одржа во хотелот “Александар Палас“, а покрај доделувањето прославата беше искористена и како седница на УО на МФМ.

Битолчанецот Борче Костов – Жолтио по втор пат по ред ја освои златната кацига, за освоените титули во 2014, 2015 и 2016 година.

-Ова е втора по ред златка кацига за мене, а тоа само по себе значи дека сум шест години по ред најдобар во мојата класа МХ3. Првата беше за 2011, 2012 и 2013 година, а оваа за наредните три. Задоволен сум од признанието, но од друга страна жалам што нема уште повеќе трки во домашното првенство и можност за докажување на квалитетот, не само мој туку и на останатите возачи, вели Костов.

Жолтио покрај втората златка кацига доби и посебна златна плакета од мото федерација која му се доделува за промоција и развој на мото спортот во Македонија. Во образложенито на МФМ се вели дека третото место на Костов на Источно европскиот шампионат е поводот поради кој на Борче Костов му се доделува Златна плакета.

Исто така Жолтио е прогласен за најдобар возач во класата МХ3 за 2016 година за што доби и шампионски пехар.

Клубот кој кој настапува Костов и неговите колеги, Ноќни волци, на кој  е претседател Ленин Јовановски и прогласен за најдобар мото клуб за 2016 година.

На свеченоста престесателот на МГМ поднесе оставка заедно со еден член на Управниот одбор.

С.Р.