Press "Enter" to skip to content

Консултации за ново студентско организирање

Во  инфо клубот на Правниот факултет во Битола студентите имаа шанса да ги споделат своите ставови и мислења за студентските парламенти, на вторите консултации за ново студентско организирање.

На настанот воведни обраќања дадоа Ангела Јанкоска од студентската организација “ЕЛСА“, Ѓорѓи Рајчиноски од “Студентски пленум“, Никола Петровски од “Национален младински совет на Македонија“ и Александра Филипова од “Младински образовен форум“.

По воведните обраќања за реформите кои ги предлагаат студентските организации, присутните ги изнесоа своите ставови за студентските парламенти, финансирањето на студентското организирање, студентските правобранители и разликите меѓу универзитетите за кои треба да се најде решение преку Законот за високо образование.

-Иституциите мора да сфатат дека младинското учество е од особено значење и дека треба истото да го прифатат, промовираат и поддржат. Се надевам дека ќе имаме Закон за високо образование кој ќе ги среди досегашните проблеми со студентското организирање, а истиот ќе биде креиран во соработка со студентите и студентските организации, вели Александра Филипова од “Младински образовен форум“.

-Студентското организирање треба да се води по принципот „од студентите, за студентите“ бидејќи тие најдобро ги знаат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат, вели Никола Петровски од “Националниот младински совет на Македонија“.

-Постоечкиот Закон за високо образование недоволно прецизно го уредува студентското организирање, па како последица се соочивме со претставнички тела достапни само до одредени “елити”, нетранспарентни, неодговорни, кои застапуваат само свои потесни интереси, вели Ангела Јанкоска од студентската организација ЕЛСА.

Планирани се консултации во Скопје и Тетово по кои ќе изработи документ кој ќе ги содржи сите препораки од настаните и ќе биде презентиран на Министерството за образование и наука, пратениците, Агенција за млади и спорт, младински и студентски организации и останати чинители.

Активностите се финансирани и се спроведуваат во партнерство со Фондација Отворено Општество – Македонија.

More from ВестиMore posts in Вести »

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *