Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник домаќин, цела сала за Пелистер (фото)

Иако на првото ракометно градски дерби екипата на Еурофарм Работник беше домаќин, гостинската екипа на Пелистер во ниту еден момент од натпреварот не се почуствува како гостин. Пелистер беше гостин само во записникот и на семафорот, каде беа запишувани прво головите на Еурофарм Работник.

“Пелистерци“ ја имаа во текот на 60 минути поддршката од навивачите. Имаа поддршка од “чкембарската“ трибина каде имаше дел од навивачката група “Чкембари“ кои истакнаа и свои транспаренти посветени на нивната верност на Пелистер. Тие во текот на целиот натпревар со песна го бодреа Пелистер, а на “нивната“ трибина останаа и пееја уште дваесетина минути по завршување на натпреварот.

Нивното навивање го прифати и публиката од другата трибина каде што се “озбилните“ навивачи.

Тука за поддршка на Пелистер беа и ветерните од “Чкембарите“ кои беа на своето место.

Но, да не биде дека се беше во знакот на Пелистер имаше публика која навиваше за Еурофарм Работник, но за нивна жал поради бројноста и резултатот кој не беше во нивна корист на овој натпревар останаа незабележани.

На крајот од натпреварот, како доликува, двете екипи беа испратени со аплауз во соблекувалните.

С.Р.