Press "Enter" to skip to content

Вечерва битолскиот театар го слави 73 роденден

Додека се поставува овој текст на порталот http://bitolanews.mk  во преполната сала на Народниот театат во Битола со премиера на претставата „Крвави свадби“ од Федерико Гарсија Лорка, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, Народниот театар – Битола го одбележува 73 роденден.

На 14 ноември 1944 година е денот на формирањето и од денот кога е одиграна првата театарска претстава на македонски јазик во Македонија, “Ѓоре Магаревски“.

По повод роденденот на битолскиот театар се одржа прес конференција, на која уметничкиот директор во НУ Народен театар – Битола Илина Чоревска, ја најави претставата.

– „Крвави свадби“ е едно од најпоставуваните дела на Лорка. На матичната сцена во Битола се поставува втор пат, по 1971 година. Текстот на Лорка е полн со фанатичност и емоции. Екипата за оваа претстава е бројна, настапуваат искусните актери и неколку студенти кои вложија голем труд во изминатите 30 денови за да го прославиме роденденот на нашиот театар на најубав начин.

Во претставата „Крвави свадби“ играат Соња Михајлова, Викторија Степановска Јанкуловска, Маја Андоновска Илијевски, Јулијана Стефанова, Менка Бојаџиева, Огнен Дранговски, Васко Мавровски и Борис Чоревски.

 

More from КултураMore posts in Култура »

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *