Press "Enter" to skip to content

Победа над Охрид за потврда на првото место

Пелистер – Охрид 23:20 (14:10)

“Пелистерци“ по победата над екипата на Еурофарм Работник, денес во “Младост“ ја победија екипата на Охрид, која е директен конкурент за првото место на табелата пред стартот на плеј-офот.

Пред околу 1.000 гледачи  во последниот натпревар од 9. Коло од Супер лигата, “пелистерци“ уште на стартот на натпреварот почнаа цврста одбрана и покажаа дека посакуваат победа, направија разлика од три гола, а во првата половина на полувремето п Пелистер поведе со 8:4.

По ова следуваше консолидација во редовите на Охрид, а во 21. минута стигнаа на поднисливи два гола разлика за Пелистер.

Во последните минути од првиот дел “пелистерци поведоа со 14:9,а со звукот на сирената Адамовиќ намали на 14:10.

На стартот на второто полувреме “охриѓани“ повторно намалија на два гола, но со одлична одбрана екипата на Пелистер стигна пак до 4 гола, 20:16.

Ракометарите на Охрид беа на само гол разлика 21:20, но  Јагуриновски и Орјоканидзе погодуваа во последните пет минути, а “охриѓани“ цели шест минути не постигнаа гол за  на крај да биде 23:20 за Пелистер, по што следуваа забелешки на судењето во одлучувачката фаза од натпреварот од страна на стручниот штаб на Охрид.

Орјоканидзе со 6 и Димитровски со 5 гола беа најефикасни во таборот на “пелистерци“.

Во следното 10. коло Пелистер го пречекува Радовиш.

More from СпортMore posts in Спорт »