Press "Enter" to skip to content

Битола и во дождлив ноември раздвижена (фотогалерија)

Последните три-четири денови Битола ја имаат зафатено дождливо време, а  со дождот конечно есента се покажа во право светло после потоплото време.

Улиците низ Битола останаа полупразни како и паркот каде можат да се видат само луѓе кои брзаат  низ влажните улици и тротоари.

Дрвјата полусоголени и со паднати лисја будат сетни чувства и спомени.

Но, и ваквото време си носи свои убави моменти кога Битолчани  седнуваат во топло во кафулињата каде со топол чај или кафе си муабетат или  мир гледаат како дождот мирно си врне и носи некоја романтика во душата.

Иако некои уживаат во вакво врнежливо и досадно време, најголемиот дел од битолчани со нетрпение ги очекуваат сончевите денови.

А најавите на метеоролозите не им одат во прилог на љубителите на топлото време и сонцето.

Временската прогноза е како за ова време. Сабота дожд, недела облачно со намалување на температурите, а од почетокот на идната седмица се очекува и првиот снег во Битола, а снежните врнежи ќе престанат во вторник.

Ж.Р.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *