Press "Enter" to skip to content

Цвеќе за чест и слава на Егејската бригада (фото)

На местото каде што беше формирана Егејската бригада,  на спомен чешмата, кај Пожарната, утрово беше положени цвеќе во чест и слава на Народно ослободителната бригада од Егејска Македонија.

Цвеќе положија градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска, претставници на Советот на општина Битола, предводени од претседателот, Валентин Груевски, претседателот на Сојузот на борци од Битола, Александар Трајковски, претсавници на Зружението на децата бегалци и други.

Како што стои напишано на спомен плочата, над чешмата, оваа Народно ослободителна бригада е е формирана на 18 ноември 1944 година, од Леринско – констурската народно ослободителна бригада, Воденскиот – Македонски батаљон и дел од бригадата “Гоце Делчев“.

По формирањето оваа бригада беше во состав на Народноослободителната војска и Партианските одреди на Македонија.