Press "Enter" to skip to content

Ракометарите победија, фудбалерите поразени во вечното дерби

Пелистер – Радовиш 29:23 (15:9)

Во истиот термин, кога се играше вечното дерби на мак-фудбалот се играше првенствен натпревар од Супер ракометната лига, во спортската сала “Младост“, каде Пелистер му беше домаќин на екипата на Радовиш.

Ракометарите на Пелистер во оваа средба влегоа со желба за победа и со тоа да му се осветат на екипата на Радовиш за единствениот пораз кој го имаа оваа есен, и тоа во првото коло.

“Пелистерци“  во тоа успеаја и му се реваншираше на на со резултат 29:23, полувреме 15-9.

Ракометарите на Пелистер ја зебележаа третата по ред победа за седум дена, ги победија Еурофарм Работник, Охрид, и денес Радовиш, и остануваат убедливо на врвот пред Пролет, Охрид и Еурофарм Работник.

 

Вардар –Пелистер 1:0

Фудбалерите на Пелистер се минимално поразени од екипата на Вардар, со 1:0, соголот на Муслиу во 65 минута, но според извештаите на новинарите од Скопје, “пелистерци“ се оштетени бидејќи им е поништен гол, поради офсајд.

Во 83 минута од натпреварот судијата Ставрев го поништи голот на Матеј Цветановски.

-Сакам да им ја честитам победата на фудбалеирите на Вардар. Се одигра квалитетен натпревар, мислам дека создадовме поизгледни шанси од Вардар, но немавме спортска среќа. Не сакам да ги обвинувам судиите, но мислам дека голот на Цветановски беше регуларен, вели тренерот на Пелистер,Спасе Ристевски.

Од Битола во Скопје пристигнаа 50 навивачи од навивачката група “Чкембари“, кои ја бодреа екипата на Пелистер. На крајот домашните навивачи влегле во теренот и сакале физички да се пресметаат со “Чкембарите“ но полицијата ги спречила во намерата.