Press "Enter" to skip to content

Конечно прва домашна трка во мото-крос во Прилеп

И по цели шест месеци чекање македонските мото-кросисти ќе имаат прилика да си ги одмерат силите во една домашна мото трка. Но, за жал тешко е дека ќе бидат организирани уште две, за да може да има легален Шампионати да има прогласување на најдобрите.

Тоа што не им успеа на неколку мото клубови од Македонија, да организираат мото-крос трка му успеа на управата на Скај рајдерс, клубот за екстемни спортови од Прилеп.

Трката на која се очекува да се појават сите македонски мото-кросисти од сите клубови, ќе се одржи на патеката “Лагово“, на која, како вели организаторот, се вршат последните подготовки, за добра патека и секако за безбедност на сите, возачи, официјални лица и публика.

Трката е закажана за недела, 26 ноември, ден порано, во сабота, е закажан и официјалниот тренинг од 9 до 15 часот.

В недела од 8 до 9,30 ќе се одржи техничкиот преглед на моторциклите, од 9,45 до 10,30 ќе се возат тренинг квалификациите.

Официјалниот почеток е закажан за 10,40 часот, кога на присутните ќе им се обратат организаторите на трката.

Стартот на првата трка во која ќе возат возачите од МХ1 и МХ опен е закажан за 11 часот.

Втората трка во МХ2 конкуренција ќе старува во 11,35 часот.

Вторите трки од двете конкуренции ќе се стартуваат во 12,20 и 12,55.

По сумирањето на резултатите од сите трки свеченото прогласување и доделување на наградите ќе биде околу 14 часот.

Организаторот на оваа трка за победниците обезбеди парични награди, а на оваа трка во “опен“ класата се очекуваат возачи од Грција, Србија, Бугарија, Косово и Албанија.

More from СпортMore posts in Спорт »