Press "Enter" to skip to content

Валентин Груевски: викендов нема да има Шутка – панаѓур на Дулие

Бројните реакции на битолчани кои имаат дуќани за продажба на текстил во Битола, за да не се одржуваат панаѓур на тезгаџии од Шутка, по се изгледа вродија со плод.

Претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски, денес соопшти дека Општина Битола, градоначачничката и Советот го откажале најавениот новогодишен панаѓур кој требало да се одржи претстојниот викенд во Битола, кај кружниот тек на Дулие.

Претседателот на Советот, Валентин Груевски за откажувањето на панаѓурот вели:

-Ние зборувавме во минатите години дека ќе се обидеме тие работи да ги спречиме и со посебна заложба овие денови на градоначалничката на Општина Битола, со известување на сите надлежни институции во државата панаѓурот за овој викенд го спречивме. Панаѓур нема да има, секогаш ќе се однесуваме така кога ќе треба да ги заштитиме интересите на битолчани на  дуќанџиите и на пазарџиите од она што беше проблем во изминатите години, рече Груевски.

Битолските трговци неколку години, се жалеа дека панаѓурџиите кои доаѓаа во Битола, најпрво кај спортската сала “Младост“, потоа кај Новиот пазар, и на крај на Дулие, им ја земаат работата, бидејќи на битолчани им продааваат без фискална каса, и им се нелојална конкуренција ним, а тие имаат фирми, фискални апарати, плаќаат кирија и други давачки.

More from ВестиMore posts in Вести »