Press "Enter" to skip to content

Светскиот тренд “Black Friday“ и кај нас, во оптика “Zeiss“

За терминот “Black Friday“ кога продавници, бутици, шопови, нудат втртоглави попусти од -50 % и -70%  и купуваат цел ден и ноќ, имавме само слушано. Интересно ни беше да видиме како чекаат редици од купувачи  во моловите, купувајќи брендирани производи за многу ниски цени.

Ваквиот тренд уште од минатата година го воведе познатиот битолски бренд за продажба за очила “Zeiss“, кога направија “бум“ со продажба на брендирани наочари по намалени цени.

Двете продавници на оптика  “Zeiss“ во Битола  кои се наоѓаат на Широк Сокак и кај поштата, ве покануваат и за утрешниот “Black Friday“.

-Доказ дека локалните бизниси ги следат светските бизниси е новата акција, на нашиот бренд за продажба на оптика “Zeiss“, наречена популарно, како во целиот свет, “Black Friday“. Секогаш во чекор со најактуелните случувања оптика “Zeiss“ за своите ценети потрошувачи им понуди фасцинантен попуст и до -70% на сите очила за сонце и рамки за очила. Во продажниот салон на Широк сокак со одличен попуст од -50%, се пласирани сите часовници и накит од реномирани брендови. Акцијата трае само утре, петок, 24 ноември, велат од оптика  “Zeiss“и препорачуваат:

-Почувствувајте  ја магијата на купување по светски терк “Black Friday“ и посетете ги салоните на оптика “Zeiss“ во  Битола, на Широк сокак и кај Поштата.

Сопствениците и сите вработени се подготвени за утрешниот ден, а веќе се брендирани и излозите на двата продажни салони со интересни аранжмани, во духот на “Black Friday“.

Да се надеваме дека и другите локални бизниси ќе го следат нивниот пример, кој е за поздравување и наиде на голем интерес кај битолчани уште од минатата година.

Ќе го воведат ваквиот тренд на купување кога сите тренд сетери и зависници од модни трендови можат купуваат по ниски цени и  модно подготвени  ја дочекаат зимата и празниците кои доаѓаат.

Ж. Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »