Press "Enter" to skip to content

“Пожарникарите“ од “Горната“ и “Елпида“ на регионален натпревар

По освоените први места на општинските натпревари за основци и средношколци екипите на ОУ “Елпида Караманди“ и Гимназијата “Јосип Броз Тито“ учествуваа на регионалните натпревари во Неготино.

Тие деновиве на натпреварите настапија со тимови од по три ученици и постигнаа добри резултати.

Екипата на Горната гимназија го третото место, а основците второто во конкуренција од 12 екипи од регионот.

Според зборовите на претседателот на општинскиот противпожарен сојуз, Драги Мечкаров, битолските екипи годинава покажаа добро познавање од областа на превенцијата и противпожарната заштита.

-Нас ни е важно што поголем број на млади лица да имаат познавања од областа на противпожарната заштита бидеки сме подрачје каде често се случуваат пожари на отворен простор посебно во летниот период, додава Маечкаров.

Екипата на ОУ “Елпида Карамнади“ која го освои второто место беше во состав: Христијан Јовановски, Емине Фејзуловска и Медиме Фејзуловска, под менторство на наставникот Пеце Трифуновски.

Екипата на Гимназијата “Јосип Броз Тито“ настапи во состав: Матеја Наумовска, Христина Петровска и Марија Ќурчиевска, под менторство на Драган Ристевски.

Секретарот на општинскиот противпожарен сојуз од Битола, Сашо Терзиевски, по натпреварот во Неготино рече дека ваквите натпревари придонесуваат за развивање на безбедносната култура кај младите, посебно од опасностите во затворен и на отворен простор и дека треба поголеми вложувања во оваа областа од страна на локалната власт, пред се заради поголема превенција.

На двете екипи им беа доделени прогодни подароци и дипломи од страна на Противпожарниот сојуз на Македонија.

Д.Р.