Press "Enter" to skip to content

Хорот “Мелодиум“ со селфи во Солун, ја прослави меѓународната награда

-По успешното представување на камерниот хор “Мелодиум“ во месец април оваа година во Солун, следеше покана на директорот на фестивалот и несебичната поддршка на македонското конзуларно представништво, а сето тоа се реализира на 18 ноември кога камерниот хор настапи со 5 композиции во големата концертна сала во Солун, вели Марина Коруновска, раководител и диригент на хорот.

 

За одличниот настап на  камерниот хор „Мелодиум” е награден на Меѓународниот фестивал за филхармониски хорови и оркестри на 8. по ред издание на фестивалот во Солун, каде настапија 52 хорови и оркестри од повеќе европски држави, а меѓу нив и битолскиот хор.

– Нашето учество во Солун беше помогнато од Македонскиот конзулат во Солун и конзулката Маја Апостолова. Нашиот настап беше поздравен со бројни аплаузи и овации, и тоа мотивира да продолжиме со работа бидејќи овој хор е единствен од ваков тип во југозападниот дел на Македонија, додава Коруновска.

„Мелодиум” учествувал на концерти во Србија, Словенија, Грција, Бугарија и во повеќе македонски градови, а има покани за настапи во  Атина и Виена закаде веќе се подготвуваат.

More from КултураMore posts in Култура »

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *