Press "Enter" to skip to content

Како е моментно на Пелистер-Антена (фотогалерија)

Автор: Даниело Божиновски

-Моментно е променливо времето на Антена, на моменти дува силен ветер, на моменти има сонце, на моменти со мала видливост од облаците, но големо е задоволтвото да се биде тука, горе на врвот Пелистер, ни напиша нашиот сограѓанин Даниело Божиновски, на вибер комуникацијата.

Заедно него е Никола Талевски – Јапано, со кој искаќувајќи се по пелистерските висичини, планираат освојување и на други врвови оваа зима, во опкружувањето, во Македонија, Бугарија и Грција.

Како е моментно на врвот Пелистер (2.601 м.) можеме да видиме од фотогалеројата која Божиновски ни ја испрати.