Press "Enter" to skip to content

Српско-македонското друштво од Битола во посета на Пожаревац

Претставници на Српско-македонското друштво “СРМА“ од Битола,  неколку дена претстојуваа во Пожаревац и зедоа учество во бројните манифестации што во овој град се организираат, по повод Денот на помирувањето.

Битолската делегација која броеше пет члена ја предводеше секретарот на “СРМА“ од Битола, Слаѓана Ружин, која вели дека Битола и Пожаревац се збратимени градови од пред триесетина години, а исто толку време трае и соработката помеѓу “СРМА“ од Битола и Друштвото за негување на традиции од Пожаревац.

Во рамките на посетата битолската делегација беше присутна на свечената акдемија, а потоа и на свечениот прием кој го организира градоначалникот на Пожаревац, Бане Спасовиќ, со кој имаа и официјална средба.

Битолската делегација, заедно со другите делегации положи цвеќа на споменикот на Српскиот војник во центарот на Пожаревац и на гробот на поранешниот претседател на Република Србија, Слободан Милошевиќ.

-Посетата на Пожаревац, Србија кој е збратимен град на Битола, е реализира на покана на градот Пожаревац, а ние како Српско-македонско друштво “СРМА“ со радост се одзвавме. Вакви посети во Србија имаме повеќе пати по разни поводи, на годишнини на ослободување на градови, по повод промоции на книги на наши членови или пак по покана на македонско-српски друштва од Србија. Оваа посета беше по повод Денот на помирувањето, кој во Пожаревац се одржа ден порано, од централната свеченост која се одржа во Београд, ни рече Димче Миновски, претседател на “СРМА“ – Битола.