Press "Enter" to skip to content

Шарпланинката, Нела од ќеф, од Битола, втора во севкупен пласман

Шарпланинката со име, Нела од ќеф, во сопственост на нашиот сограѓанин Златко Проевски од Битола го освои второ место на 3. Светска изложба на нашата македонска гордост, шарпланинец.

Во организација на Кинолошкиот сојуз на Македонија, во саботата на 25 ноември, се одржа 3. Светска изложба на шарпланинци, на која се натпреваруваа најдобрите кучиња од оваа раса од Македонија и соседните земји.

Довербата да бидат судии им беше доверена на судијата од Македонија, Габриел Штибел и гостинската од соседна Србија, Полина Симиќ.

На изложбата имаше голем број на кучиња, а се помина во одлична организација на Кинолошкиот сојуз на Македонија.