Press "Enter" to skip to content

Пелистер во полуфинале за крај на оваа сезона во Битола (фотогалерија)

Победа – Пелистер 2:2 (1:1)

Фудбалерите на Пелистер како гости на свој  терен одиграа нерешено против Победа 2:2, и со севкупен резултат по двата натпревари од 7:4 се пласираа во полуфиналето од македнонскиот фудбалски куп, кој ќе се обидат да одбранат по освојувањето, минатата сезона во Струмица.

Првиот гол на Жаделсон за 1:1

Екипата на Победа на два пати поведе, но “пелистерци“ израмнуваа со головите на бразилецот Жаделсон, на кои ова му се прво голови во зелено-белиот дрес, а во составот на Пелистер играа тројцата бразилци, покрај стрелецот Лукас и Силва.

По сончево, но студено време фудбалерите на Победа тргнаа организирано и како резултат на таквата игра поведоа 1:0 во 10 минута со голот на Илијоски.

Капитенот Гоце Тодоровски

Пелистер воздрати со неколку шанси за израмнување на Тодоровски, Љамчевски и Силва, за во 30 минута бразилецот Жаделсон израмни по асистенција на Трифуновски, по што лесно ја погоди празната мрежа на Победа.

Само по три минути беше досуден пенал за Пелистер, но бугарскиот интернационалец силно биеше но само во пречката на голот на Победа, и не дојде до целосен резултатски престврт.

Во продолжението, во второто полувреме се повтори истата слика од првото, па битолчанецот Мирчевски во дресот на Победа, како и во првото, така и во второто полувреме беше најзаслужен за второто водство на прилепчани, а стрелец овој пат беше Недановски во 54 минута.

По голот повторно “се разбуди“ нападот на Пелистер, Труфуновски, Лукас, Жаделсон и со вториот гол на Жаделсон, имаше ново израмнување, а асистент беше Лукас.

По двата натпревари од Купот може слободно да се каже дека Пелистер оправдано ќе презими во Купот, а во полуфиналето. Можни противници на Пелистер се Академија Пандев и Ранова, а последниот полуфиналист ќе се знае напролет од екипите на Вардар и Шкупи.

Резервната клупа на Пелистер

Ова беше последен натпревар на Пелистер оваа година во Битола, бидејќи в недела Пелистер и гостува на Шкендија во Тетово.

Текст и фото: С.Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »