Press "Enter" to skip to content

Пелистер со пораз го заврши есенскиот дел, како претпоследен на табелата

Шкендија – Пелистер 3:0 (0:0)

Фудбалерите на Пелистер ја завршија есенската полусезона со пораз од  екипата на Шкендија, а по сите случувања оваа есен ќе сакаат што побрзо да ја заборават.

Промената на три тренери, организациските проблеми, проблемите со (не)исплатата на платите нема да им бидат моменти, за кои ќе тагуваат фудбалерите на Пелистер.

Но, за анализи има време, а во последното коло фудбалерите на Пелистер на градскиот стадион во Тетово одиграа онака како и рекоа, дека ќе се надигруваат.

-Одигравме добро, посебно во првиот дел каде бевме рамноправен противник каде се надигрувавме со фудбалерите на Шкендија. Но, многу брзо примивме гол во второто полувреме само по 3-4 минути, кој не беше баш од изгледна позиција, но се случи. Голот не не поремети, но потоа следуваше уште еден момент, кога не погодивме за израмнување, а добра екипа како што е Шкендија не простува. Ние не погодивме за 1:1, а домаќините погодија уште два пати, вели Спасе Ристевски, тренер на Пелистер.

Головите за Шкендија ги постигнаа Ибраими во 49, Хасани во 70 и Зејнулаи во 89  минута, откако последните минути Пелистер во немоќ ги играше со 10 фудбалери по црвениот картон на Пеев.

По одигрување на 18 кола екипата на Пелистер е на незавидно 9 место од 10 екипи. Пелистер има само 16 бода, а последна на 10 место е екипата на Скопје со 10 бода.

На Пелистер “му бегаат“ со 2 односно со 3 бода екипите на Ренова и Победа и сега Пелистер е во опасната зона за испаѓање од Првата фудбалска лига.

More from СпортMore posts in Спорт »